Во близина на „Веро Џамбо“, попладнево падна дрво како резултат на силниот ветер.
На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот.
За сега билансот, според прводобиените пријави и информации на 112 во ЦУК е следен: дрвја паднати -16, возила оштетени – 3, кабли откачени од бандери – 7, откачени и оштетени кровови – 3 и повредени – 1.
УХМР сабајлево апелираше за внимание од појава на пороен дожд, грмежи и силен ветер над 70 километри на час.
Од УХМР ппредупредија дека во текот на вечерните и ноќните часови ќе има потреба од внимателност во повеќе региони, како и внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и места каде има опасност од одрони и свлечишта.
Попладнево и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени, информираа од УХМР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.