Во новата учебна година во скопската општина Аеродром има околу 950 првачиња.

Градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот, Дејан Митески пред стартот на наставата ги посетија основните училишта „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче и „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче од каде што на првачињата, како и на сите ученици им посакаа добредојде во училишните клупи и многу успех во новите предизвици што се наоѓаа пред нив.

И двајцата изразија голема благодарност до наставниот кадар кој многу посветено и со голема љубов работи на едукација и воспитување на нашите најмили, а доказ за тоа се големиот број награди и признанија кои нашите ученици во континуитет ги добиваат на домашни и меѓународни натпревари, како во областа на образованието, така и во спортот.

Општина Аеродром е фокусирана на подобрување на условите за правилен раст и развој на нашите ученици. Токму затоа, семејствата со прваче добиваат по 3.500 денари еднократна парична помош за полесен старт на школувањето, од оваа година за првпат воведовме бесплатни часови по пливање за секое прваче и за дечињата со попреченост, за првпат обезбедивме таблети за четвртоодделенците, како и пакет мерки за топол оброк и ужина, велат од Општтината.

Оттаму додаат дека интензивно се работи и на осовременување на училишната инфраструктура.

Изминатиот период ја реконструиравме фасадата на ОУ „Блаже Конески” во населбата Мичурин, за кое подготвивме и проект за негова доградба, а наскоро ќе почне и надградбата на ОУ „Гоце Делчев” во Горно Лисиче. Реконструкција и реновирање се спроведува континуирано и во другите училишта во согладност со потребите, велат од Општината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.