Родителите на учениците кои во ова учебна година ќе бидат четврто и петто одделение во ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје реагираат на нерамноправниот третман на нивните деца од страна на училишната управа поради тоа што како што наведуваат во учебната 2022/2023 година само нивните две генерации ќе одат на настава само во попладневните часови (од 13:00 до 17:30 часот).

-Организирање на наставата единствено во втора смена за деца на осум и девет годишна возраст, не е во интерес на учениците и ќе придонесе кон нарушување на дневниот ритам на учење кај детето, прихофизичкиот развој, нарушување на ритамот на одвивање на слободните активности на детето и конечно е спротивно на начелото за еднаквост на сите ученици во училиштето.Тргнувајќи од одредбите на Статутот на ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје, поточно членот 58 став 1 точка 2, се предвидува одвивањето на одделенската класична настава да е во прва и втора смена, и тоа прва смена со почеток од 8 часот наутро и втора смена со почеток од 13 часот попладне. Планот наставата за учениците од 4то и 5то одделение во текот на целата учебна 2022/2023 година да се одвива единствено во втора смена, сметаме дека не е во линија со Законот за основното образование, каде се пропишува дека основното образование се развива врз начелото на најдобар интерес и целосен развој на ученикот, објаснуваат родителите.

Тие пососчуваат дека директорот, како орган на раководење на училиштето кој што ја подготвува годишната програма за работа е законски одговорен за остварување на правата на учениците кое се нарушени во овој случај.

-Токму поради горенаведеното, барање за решавање на овој проблем со предлог решенија е поднесено до управата на училиштето и до општината уште во мај 2022 година и повторно во август 2022 година, но со оглед на тоа што не наидовме на никакво разбирање и не се направи обид за изнаоѓање на решение, приморани сме да го обзнаниме на јавноста нашиот проблем, во обид за негово решавање.Ние како родители БАРАМЕ ОРГАНИЗИРАЊЕ НАСТАВАТА ВО ООУ ВЛАДО ТАСЕВСКИ, СКОПЈЕ НА НАЧИН КОЈ НЕМА ДА БИДЕ ДИСКРИМИНАТОРСКИ ЗА БИЛО КОЈА ГЕНЕРАЦИЈА НА УЧЕНИЦИ.Сметаме дека училиштетот е тоа кое треба да пронајде начин да ги задоволи своите зголемени капацитативни потреби бидејќи овој проблем се провлекува со години, а училишната управа нема ни план за справување со овој проблем. Напротив, стихијно се делува од година во година, велат родители на ученици од 4то и 5то одделение во ООУ „Владо Тасевски“.

Тие велат дека очекуваат итно решавање на овој проблем од страна на училишната управа, бидејќи во спротивно како што велат ќе бидат приморани нивниот револт од дрискриминаторскиот пристап да го истакнат во поинаква форма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.