Во основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Центар денеска беше отворена сензорна соба, единаесетта по ред, како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија.

Во училиштето има 23 деца со попреченост, од кои десет се со МКФ-процена, пет се со извештај од специјалист и осум аутистични.

Како проект, како фондација „Чекор по чекор“ и како здружение, коишто се исто така реализатори на овој проект ни е драго што ОУ „Гоце Делчев“ ќе ја дочека новата учебна година поинклузивно од претходно, а е доста инклузивно училиште. Училиштето има и лифт внатрешен и дополнителни пристапни елементи, мислам дека имате и тоалет пристапен, така што ова е само надополнување вон создавање на едно навистина инклузивно училиште. Голема благодарност за проектот и за поддршката на училиштето и од општината, изјави Бранка Џајковска од фондацијата „Чекор по чекор“.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски истакна дека донацијата е од големо значење бидејќи учениците имаат можност да ги развиваат своите потенцијали и активно да бидат вклучени во воспитно едукативниот процес.

– Среќен сум бидејќи со оваа активност ќе ги подобриме капацитетите за инклузивност не само во училиштето, туку и во општината, додаде Герасимовски.

Основното училиште „Гоце Делчев“, како што информираше Џајковска веќе има внатрешен лифт и дополнителни пристапни елементи за децата со попреченост и тоалет. Таа вели дека сензорната училници е „само едно надополнување кон создавање на едно инклузивно училиште“. ки/aa/

2022-08-29 14:11:43, од Кристина Ивановска

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.