Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и неговиот колега од Аеродром, Тимчо Муцунски вечерва го оставија отпадот пред капиите на Дрисла. Откако оваа депонија не го прими отпадот кој скопските градоначалници  го собраа со помош на механизација од другите градови, тие немаа избор освен да го остават пред капијата.

Претходно  Ѓорѓиевски изјави:

„Ако ни се спротивставува директорот да го прими и  да го одложиме отпадот внатре, луѓето ги држиме саат време овде, тие имаат фамилии а имаат и уште многу работа, тогаш ќе го одложиме отпадот пред „Дрисла“ па тоа ќе треба да си го собира директорот и градоначалничката“.

Тој додаде дека ќе почекаат  уште 10 минути максимум.

„Дечки ќе почекаме уште 10 минути, ако не добиеме одобрување од страна на директорот кој им забранува да комуницираат со нас, да ги отвори рампите да се влезе да се одложи ѓубрето, а за тоа плаќаме и имаме договори сите општини“, изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека за одложувањето на отпадот пред капиите на Дрисла цела одговорност е негова и на Тимчо Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.