Муцунски посочи и дека „во општината владееше урбанистички хаос“. Оттука една од работите со кои почнавме, кажа Муцунски, е бришење на маркици и на една таква локација веќе ќе почнеме со изградба на парк од 6 илјади метри квадратни во Реонски центар.
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во своето обраќање на отчетот за сработеното на политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина”, истакна дека општина Кисела Вода ја затекнал во хаотична состојба и администрација која што била целосно индиферентна на барањата на граѓаните.
Да водите тимски општина тоа подразбира и не преспиени ноќи, подразбира и повеќе од десет дванаесет часа во денот макотрпна работа, им се заблагодарувам од срце, благодарам што ме следат во чекор изминатиот период. Како и останатите општини така и Кисела Вода беше затекната од моја страна во една апатична состојба, односно администрација која што беше целосно индиферентна на барањата на граѓаните, неуслужлива и не насочена спрема граѓаните од една страна и од друга страна долг од 3 милиони евра кој што не подразбираше во минатото задоволување на основните хумани услови за живот на моите сограѓани, туку подразбираше од една страна долг а од друга да Кисела Вода е општина која ја наследив е без основни хумани услови за живот што подразбира водоводни мрежи, атмосферска канализација патна инфраструктура, списоци по 500 дечиња во градинките на чекање. Што значи затекнавме руинирана девастирана општина во која што за жал 30 години наназад никој сериозно не се зафатил со тоа да од нејзе направиме едно поубаво место за живеење. Јас сум исклучително горд на она што го постигнавме изминативе година дена. За само една година ние 70 проценти од нашата програма имаме реализација, или отпочнати проекти кои што се во финална фаза на завршување“ истакна Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски истакна и неколку проекти кои ги опфаќаат инфраструктурата, образование, и справувањето со урбанистичкиот хаос.
Од самото преземање на нашата локална самоуправа така беше и составена програмата да ние ги поделивме во неколку столбови, кои што опфаќаат инфраструктура, образование, справување со урбанистичкиот хаос каде што Кисела Вода беше доста атрактивна по скандалите кои што произлегуваат од урбанистичкиот хаос и криминалот таму така да од тој аспект во тие неколку столба сериозно се зафативме со работа. Пред се се зафативме со општината да ја направиме јавна и транспарентна при секоја наша постапка граѓаните да се чувствуваат дека се еднакви. Секој има право да гради секој има право на надомест од општината, секој има право на еднакви права и привилегии. Тоа е многу важно и суштинско за да ја отвориме општината. Изминатава година, имаме како никогаш до сега 30 години наназад вложено во патната инфраструктура што подразбира асфалтирање на улици и реконструкција во должина од 25 километри тоа е некаде од Скопје до Велес повеќе од половина пат да го реконструирате толку имаме изминатава година. Во однос на подземната инфраструктура беа нарачани проекти кои што се во финална фаза за водоводната мрежа во „Стаклара“, и фекална канализација во „Пинтија“ и „Стаклара“ кои што од пролет ги започнуваме. Во подземна инфраструктура имаме над 3650 метри вложено фекална канализација над километар и 800 имаме вложено во водоводна мрежа, 3,5 километри во атмосферска канализација. Во Урбанизмот како никогаш до сега сите планови и плански документации се прават јавно и транспарентно. Во образованието се гордеам со основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ кој што е многу значаен, кое е прво инклузивно училиште, кај градинките имаме отворено една градинка во Драчево, во финална фаза сме на нова градинка во „Усје“, и две доградби на постоечки градинки. Исто така сметам дека до истекот на втората година од мојот мандат она што сме се обврзале во програмата ќе биде целосно завршено.“ нагласи Ѓорѓиевски.
Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров рече дека за жал оваа општина беше една од оние кои наследи најголем терет од претходно. Во тој дел, кажа тој, ние направивме крупни исчекори за оној долг од над 4 милиони евра што го наследивме по различни основи и успеавме сега да го доведеме на многу пониско ниво.
Стојкоски се осврна на проектите од првите 365 дена.
Успеваме да постигнеме сериозни резултати со најгорливиот проблем расчистување на депони и расчистивме повеќе мали депонии и онаа која беше најголем проблем, онаа во Ново село каде сега никнува парк со површина од 30 илјади метри квадратни. Фокус ставивме и на инфраструктурата посебно во деловите во кои беше најпотребно и изградени се над 20 илјади метри квадратни нови локални патишта како во Даме Груев, Кисела јаболка, Стопански двор и слично. Паралелно ја развиваме и фекалната и атмосферската канализација. Го решаваме деценскиот проблем со водоснабдување во Кучково, се инвестира и во училишната инфраструктура, намалена листата на чекање за упис во градинки, а со отворање на новиот капацитет на детската градинка Сонце каде се завршени градежните работи чекањето за упис во градинки ќе го доведеме на историски минимум“, рече Стојкоски.
Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски истакна дека општината ја затекнал во многу лоша состојба, а кај администрацијата владеела целосна апатија, но тоа се промени во рок од една година се реализирани над 200 проекти од кои 30-тина поголеми и повидливи.
Како сите колеги досега што споменаа, а можеби полошо беше во општина Бутел. Целосна апатија на администрацијата, долг од половина милион евра, ниту еден проект испланиран кој што може да се реализира за во иднина и тоа што беше најдраматично беше тоа што ветените десет носечки проекти кои што претходниот градоначалник ги вети дека ќе ги реализира, немаше започнато буквално ниту еден од десетте носечки проект и тоа само по себе е една драматична ситуација која ни даде дополнително мотив за да практично почнуваме да ја менуваме бидејќи граѓаните целосно изгубија доверба во моментот што значи општина и градоначалник. Но, фала му на Господ, тоа се промени во период од една година и граѓаните на општина Бутел забележаа дека може и поинаку и за само една година успеавме да реализираме 200 проекти меѓу кои 30-тина поголеми и повидливи. Веќе во првата година започнавме три од десетте носечки проекти кои што ги споменавме пред изборите“, истакна Костовски и додаде:
„Во општина Бутел започна да се гради училиште во населеното место Визбегово, започна да се гради нова детска градинка во вредност од 33милиони денари. За период од два ипол месеци успеавме да асфалтираме 20 улици, а до крајот на оваа календарска година, вкупно 35 улици, практично низ период од една година ќе добијат асфалт на територија на општина Бутел што со сигурност можам да потврдам дека е повеќе од четирите години претходно што успеале да се асфалтираат. Она што сакам да го истакнам се нвестициите во образованието, поточно во основните училишта кои што се ингеренции на општината. Вкупно во оваа календарска година ќе имаме околу 30 милиони денари инвестиции што е навистина сума на средства за почит. Реконструиравнме неколку училишта кои што имаа реална потреба за такво нешто, но и набавивме модерна опрема. Инвестиравме во нови кабинети за информатика и некои училишта како „Лиман Каба“ во Љуботен и Гоце Делчев во Љубанци за прв пат во историја добиваат кабинети за информатика“, потенцираше Костовски набројувајќи дел од реализираните проекти.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на денешната трибина за отчетот за сработеното за градоначалниците од Скопскиот регион, една година по преземањето на функцијата, на политичкиот саем „Промени што носат иднина“, во организација на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека над 40% од проектите предвидени во изборната програма веќе се реализирани, а дополнително 20% се во фаза на реализација.
„По моето доаѓање градоначалник на Општина Гази Баба, она што претходно го имав како информација комплетно ми се потврдија, дека општината беше оставена со голем број на нерешени проблеми и индиции за сериозни злоупотреби на буџетот кои индиции се доставени до соодветните служби за понатамошно постапување. Дополнително, имаше голем број на вработени лица кои што воопшто не доаѓале на работа, а земале плата. Но, за мене најважно е што не се работело на решавање на децениските проблеми на граѓаните. Иако претходната локална власт имаше ветување за изградба на четири нови детски градинки, во период од четири години не оставија ниту еден готов проект, ниту пак започната постапка за урбанистичко проектна документација за изградба на барем една од овие детски градинки, што сериозно ни покажува дека тие работеле неодговорно и не биле посветени кон решавање на интересите на граѓаните“, рече Стефковски.
Во изминатите 365 дена реализиравме 210 нови проекти во Општина Гази Баба. Асфалтиравме локални улици на површина од 15.600 метри квадрати, во населените места Инџиково, Идризово, Стајковци, Трубарево, Јурумлери, Ченто, Булачани и други. Изградивме пешачки патеки во Триангла, железара, Виниче, Црешево, Стајковци и други населени места. Исто така, сериозен пристап имавме и кон подземната инфраструктура, за таа цел ја завршивме првата фаза на фекалната канализација во населеното место Страчинци, комплетно ја завршивме првата фаза и во завршен процес ни е втората зафат на фекалната канализација во населеното месо Црешево, проект кој што чини 20 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба, во тек е изградба и на канализацијата во населеното место Гоце Делчев, во Смилковции така натаму. Во првата година од мојот мандат изградена е фекална канализациона мрежа во вкупна должина од 9.170 метри, односно над девет километри. Изградивме нови седум спортски терени со современа тартан подлога во Железара, Ченто, Маџари, Колонија, Гоце Делчев, Керамидница и Кирил Петрушевски и два спортски терени со вештачка трева во населените места Стајковци и Страчинци. Дополнително, даваме финансиска поддршка и на сите локални спортски клубови, но изградивме и пешачка и велосипедска патека на кејот на реката Вардар во должина од 2,2 километри. Сериозен пристап имаме и кон инвестиции во образованието и образовната инфраструктура. Во изминатата година комплетно ги реконструиравме училишните спортски сали во основното училиште „Глигор Прличев“ во Железара и во училиштето „Дане Крапчев“, опремивме училишни кабинети за практична настава по природни науки во основните училишта, летниот период го искористивме за реконструкција на основните училишта, отворивме сензорни соби во дел од нив и катчиња за дружење на учениците и за прв пат ја воведовме мерката за доделување 3000 денари за секое прво одделенче. Изградивме голем број на мулти функционални паркови, како во населеното место Маџари во површина од над 2000 метри квадрати, во кое има парк за миленици, комплетно уредување со летниковци, фонтана, детско катче и така натаму, како и во Ченто парк на површина од пет илјади метри квадрати, комплетно реконструирано кошаркарското игралиште, и паркот „Скулптура“ во Автокоманда, ги наброја Стефковски дел од реализираните проекти.
На трибината се обрати и градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски, кој рече дека и покрај тоа што општината ја затекнале со долгови, успеале да вратат 2 милиона долг, укажувајќи дека тоа не е причината за реализиарање на проектите и исполнување на ветеното пред граѓаните.
Во изминатиот период активно работевме на враќање на долговите. Можам да кажам дека комплетно се што се работело минатата година, оваа година го исплативме. Некаде околу 2 милиони евра се вратени за претходните години. Но, тоа не смееше да не поколеба да тргнеме со реализација на нови проекти. Со напорна работа со целиот тим и со советот сите заедно направивме еден голем исчекор кон стабилизација на општината и јавните претпријатија и на сите други институции и тргнување напред со забрзани чекори она што го ветивме, вели градоначалникот на општина Илинден Георгиевски и додаде дека изминатите 365 дена реализирал голем број на проекти во делот на комуналната и патна инфраструктура, како и проекти во образованието.
Во делот на патната инфраструктура сакам да кажам дека до сега околу 5000 метри во должина се асфалтирани улици, над 12.000 метри пробиени тампонирани и санирани улици, рече тој.
2.5 километри пешачки патеки се направија изминатиот период, односно пешачка патека на улица 2 во должина од 400 метри, пешачка патека во Мралино во должина од над 700 метри, пешачка патека во Миладиновци од над 850 метри и уште неколку други. Во делот на образованието, целосно се изгради училиштето, со опрема со интерактивни табли, поставивме ограда, со мебел внатре, хортикултурно уредување на целиот простор, паркинг, улично осветлување околу училиштето. Но, и во другите училишта имавме инвестиции во делот на заштитни огради, подобрување на делот за греење, реконструкција на кровот, додаде тој и истакна дека општината доделува по 5000 денари за секое новороденче.
И градоначалникот на Зелениково Коста Маневски на трибината истакна дека затекнал општина со многу долгови и проблеми, проекти за кои претходно не било платени ни денар, наследен долг за улици како и јавно комунално претпријатие со долг од 41 милион денари и нефункционална механизација. Но, како што истакна и покрај се тоа за една година постигнато е многу, долговите вратени, се работат многу проекти, а општината веќе е во плус.
Сега многу лесно е да се збори за општина Петровец, но да се потсетиме како беше општина Петровец пред 12 години, општина со 380 илјади евра буџет и 985 илјади евра долг. Три буџети потрошени, но тука не се предадовме заедно со советниците, заедно со општинската администрација она што го ветивме пред граѓаните дека ќе работиме макотрпно, отчетно тоа и го спроведовме. Направивме три индустриски зони, што се гордост за општина Петровец. Имаме најголема индустриска зона во Република Македонија, мултифункционалната зона Ќојлија, имаме уште две индустриски зони, Долно Коњари и Р`жаничино индустриска зона. Денес имаме општина со десет пати поголем буџет, денеска буџетот е над 3 милиони евра и е многу полесно за разлика од првиот пат кога стапивме на власт, рече Митевски.
Митевски во текот на своето обраќање ги наброја и проектите кои ги направил во годината.
Некаде околу 5.100 метри одводна и водоводна канализациона мрежа во населените места во цела општина, имаме патна инфраструктура од 1.200 метри асфалтирани улици. Во делот на образованието направивме темелна реконструкција на училиште во Огњанци, средени си училишните дворови на 4 училишта. Направиме просторија за пензионерите во Катланово, реконструкција на културниот дом во населеното место Сушица. Потоа тампонирање на 2.000 метри во новата населба во Р`жаничино. Исто така се грижиме за социјално загрозените семејства каде што секоја година доделуваме хуманитарни пакети. Исто така на сите првачиња поделивме по 4.000 денари. Не може да не се спомене и започнувањето на нова општинската зграда каде ќе ги подобриме условите за работа на општинската администрација и ќе ги подобриме услугите на жителите кои ќе дојдат на подигнат било каква услуга во општина Петровец. Во завршна фаза е и пешачката патека во должина од 1.060 метри каде очекувам за еден месец да биде целосно готова. Целосно ги подржуваме финансиски, спортските клубови во општина Петровец како и културно уметничкото друштво. Исто така имаме исчистени 4 диви депонии, кажа тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.