Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Кисела Вода, заедно со Агенцијата за вработување, општината упати јавен повик за времено ангажирање на негуватели за јавните детски градинки на оваа територија.
Евидентираните невработени лица кои сакаат да се вклучат во Програмата Општинско – корисна работа треба да поседуваат лиценца. Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку Програмата изнесува пет месеци.
Ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со дваесет работни часови неделно. За време на работниот ангажман од пет месеци, статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица, корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата. За кандидатите кои ќе бидат избрани, се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Целиот јавен повик, заедно со преостнатите критериуми е достапен на општинскaта веб страница на следниот линк: https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%9F%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%20%D0%9E%D0%9A%D0%A0%20%D0%9E%D0%9F%202021.pdf
Сите дополнителни информации, можете да ги добиете и на телефонскиот број 072/314-945.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.