„Битка на бендови” ќе се одржи на почетокот на месец јули, во рамки на Културното лето на Општина Кисела Вода. Објавен е јавен повик, на кои можат да се пријават музички групи и бендови кои би имале свои изведби на отворено, а клучните критериуми кои ќе бидат земени во предвид при изборот, ќе бидат нивото на техничката изведба и визуелната презентација.
Изборот ќе го врши комисија формирана од Градоначалникот на Општина Кисела Вода. Наградата за најдобриот бенд ќе биде организација на целовечерен концерт од страна на Општина Кисела Вода.
“Битка на бендови” е настан кој Општина Кисела Вода за првпат го организира и кој има за цел заживување и збогатување на културата на локално ниво.

Огласот е отворен од вчера, понеделник, 13.06.2022 година, до петок, 17.06.2022 година и заедно со сите критериуми и услови е достапен на општинската веб страница на следниот линк:

http://www.kiselavoda.gov.mk/

Пријавите треба да се доставуваат во архивата на општината со назнака – “За избор на најдобри музички бендови”.

За повеќе информации во однос на огласот и за деталите околу начинот на пријавување може да се обратите кај лицето Сашо Јованоски, тел. број 070/268 076, или електронски, на email адресата : [email protected]

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.