Општина Ѓорче Петров го донесе буџетот за 2023 година. Следната година општината ќе рсполага со 359.182.303,00 денари, од кои најголем дел се предвидени за капитални проекти.

Донесен е Буџетот на општина Ѓорче Петров за 2023 година!
Тргнувајќи од основните цели за фискална стабилизација на буџетот, економичност, рационалност во трошењето на буџетските средства и намалување на сите непродуктивни трошоци, изработивме буџет во вредност од 359.182.303,00 денари.
Најголем процент од вкупните расходи припаѓаат на следниве категории на расходи:
капитални расходи –
39,16 проценти од вкупните расходи,
потоа следуваат расходите за набавка на стоки и услуги – 38,09 проценти
и плати и надоместоци во износ од 16,60 проценти.
Во буџетот има место и за:
реконструкција на улици,
изработка на проекти за изградба на градинки и улици,
изградба на игралишта,
спортски терени,
детски катчиња,
пречистителни станици,
дигитализација на услугите за граѓаните,
изработка на урбанистички планови,
нови капацитети за водоснабдување,
еднократна парична помош за ранливи категории и новороденчиња,
поддршка на спортисти и спортските клубови
заштита на животна средина и јавна чистота
и култура
При изработка на буџетот ги земавме во предвид и идеите и потребите на граѓаните кои ги добивме по пат на јавна анкета и отворен ден на општината наменет за креирање на буџетската каса. Им благодарам на граѓаните за учеството во креирањето на Буџетот за 2023 година.
И во годината што доаѓа продолжуваме во насока на развој на Ѓорче Петров, водејќи се исклучиво по потребите на жителите на нашата општина, објави градоналачникот Александар Стојкоски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.