Како одговорна, транспарентна и отчетна општина, Центар од оваа година започнува нова активност, односно објавување на полугодишни извештаи за издадените одобренија за градење.

Оттука, издадени се вкупно 68 одобренија за градење на територија на Општина Центар, кои се однесуваат на барања поднесени од 1.1.2021.Од доаѓањето на градоначалникот Горан Герасимовски на позицијата, односно од 4.11.2021 заклучно со денес (15.11.2022), издадени се 35 правосилни одобренија за градење.

Издадени правосилни одобренија за градење со барања поднесени од 1.1.2021

Се работи за управни постапки кои ја имаат поминато целата процедура за издавање правосилно одобрение за градење и до општината ја имаат доставено целосната потребна документација.

Овие полугодишни извештаи кои општината ќе ги објавува се уште еден чекор напред кон целосно воспоставување на целосно транспарентни и отчетни институции.

Оваа нова востановена практика на Општина Центар е позитивен пример и за останатите општини, не само во Скопје, туку и во целата држава, за тоа како да се подигне нивото на транспарентност во самите институции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.