Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, започна со одржување на граѓанскиот дијалог преку директни средби со граѓани во месните и урбаните заедници.

Синоќа одржа средби со граѓани на три локации.

Гласот на граѓанинот се слуша! Граѓанинот одлучува! Отпочнавме граѓански дијалог со директни средби во месните и урбаните заедници. Оддржавме средби со граѓани во Железара, Автокоманда и Керамидница. Местото на градоначалникот е помеѓу граѓаните со цел директно на терен да ги решаваме барањата на граѓаните.Овие средби се одлична можност да го слушнеме гласот на народот во насока на утврдување на приоритетите на буџетот за 2023 година. Отчетноста и транспарентноста се тие кои ме водат од првиот ден на мандатот – напиша СТефковски на официјалната Фејсбук страница по завршувањето на средбите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.