Улицата „Методија Шаторов-Шарло“ во Стар Аеродром добива нова хоризонтална сигнализација, како и направи за забавување на возилата со што значително се зголемува безбедноста во сообраќајот, информираат преку соопштение од општината.

Станува збор за една од најфреквентните улици во овој дел на општината, во чија непосредна близина се наоѓа основно училиште, две градинки, како и детски игралишта. Неодамна, неколкупати на оваа улица бевме сведоци на немили и трагични сцени за возачите и пешаците.

Токму затоа, посветени сме на создавање услови за слободно и безбедно движење на нашите деца, како и на сите пешаци, велосипедисти и учесници во сообраќајот. Интензивно работиме на зголемување на безбедноста низ целата општина преку преземање конкретни мерки и подобрување на видливоста на хоризонталната и вертикалната сигнализација.

Општина Аеродром апелира на свесност и совесно однесување во сообраќајот од сите граѓани и ги повикуваме надлежните институции најстрого да ги санкционираат сите оние кои ги прекршуваат правилата, стои во соопштението од општината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.