Општина Аеродром продолжува со бришење на градежните маркици ширум нашата општина.
На Аеродром му е потребна хумана урбанизација!
На вчерашната седница на совет на Општина Аеродром на наша иницијатива избришавме уште три маркици во Реонски Центар. Станува збор за градежен простор од вкупно 13.200м2 планирана изградба на згради. Задоволен сум што Советот ја изгласа оваа иницијатива која е во интерес на аеродромци.
Ставаме акцент на зеленилото и хуманата урбанизација. Преку одговорно работење придонесуваме за што повеќе зелени површини во нашата општина! – информира градоначланикот на Аеродорм, Тимчо Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.