Околу 70 возачи на ЈСП Скопје од 1 октомври ќе го напуштат јавното претпријатие и ќе почнат да работат за германска компанија во земјава, дознава „Плусинфо“.
Според информациите на порталот, расте незадоволството кај возачите во ЈСП „Скопје“ откако им ги намалија платите за 2.000 денари. Стотина возачи во март годинава веќе си заминаа од претпријатието, а новиот бран на заминувања се очекува деновиве.
Јас и уште неколку колеги потпишавме договори за друга компанија, каде што добивме многу подобри услови за работа, поголема плата и сè што баравме и ни беше ветувано во ЈСП. Повеќе не се издржува да се работи во ваква токсична средина, вели извор за порталот кој сакаше да остане анонимен, а не го откри ниту името на германската компанија, која барала 120 возачи.
Друг извор ја потврди истата информација и заминувањето на одреден број шофери од ЈСП „Скопје“.
Повеќе на „Плусинфо“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.