Во скопското основно училиште „јохан Хајнрих Песталоци“ каде што учеше 14-годишната Вања Ѓорчевска, утрово е отворена книга на жалоста. Во неа последен поздрав испраќаат нејзини соученици, како и граѓани кои од утрово почнале да доаѓаат со таа цел во ова училиште.
Канал 5 утрово информира дека класот во кој учела Вања го одржал само првиот час, а потоа учениците си заминале дома.
За наредните денови во училиштето се планираат интезивни активности на психолози и педагози со учениците со цел да им помогнат во овие тешки моменти.
Инаку, засилено е полициско обезбедување во околината на училиштето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.