Традиционално со закројување виновата лоза во дворот на црквата „Свети Трифун“ во населеното место Ајватовци, Општина Илинден го одбележа Празникот на лозарите.

Како што соопшти Општина Илинден, празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија, што се одржа пред голем број верници.

 

Во рамки на манифестацијата „Саем на домашно вино“, во организација на црковниот одбор на црквата „Свети Трифун“, а под покровителство на градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, годинава се одржа избор на најдобро произведено домашно вино во Општината.

На своевидниот вински фестивал, кој прераснува во традиција, учествуваа осум производители на вино. Според одлуката на жири-комисијата, составена од членови на „Вински витези“, здружение за промоција на македонското вино и на македонската култура, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски му додели Плакета за најдобро домашно произведено вино на првонаградениот Борче Божиновски.

 

Второто место го освои Страшко Ангеловски, а третото Љупчо Димитриевски. Благодарници за учество на манифестацијата „Саем на домашно вино“ им беа доделени на сите учесници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.