Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и полскиот амбасадор Војциех Тицињски денес положија свежо цвеќе пред бистата на Фредерик Шопен. Чествувањето на овој светски музички великан во истоимениот парк во Кисела Вода, се случува денес, на денот кога се одбележуваат 173 години од неговата смрт.

Афирмацијата и заштитата на светското културно наследство е обврска која стои пред секој од нас, а најдобар начин да се искаже почит кон великаните, како што е Фредерик Шопен е неговото дело да се зачува од заборав. Почитта која денес ја укажуваме е симболична благодарност за неговиот придонес и ветување кон него, но и кон Република Полска, дека ќе ја продолжиме неговата безвременска приказна, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски во разговорот со полскиот амбасадор Војциех Тицињски.

Културата не беше единствената тема за која се разговараше на средбата. Се дискутираше за можностите за соработка во повеќе сфери од делувањето на локалната самоуправа, за што и двете страни изразија подготвеност за реализација на заеднички проекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.