Автобусите на ЈСП утре нема да излезат на улиците на Скопје доколку денеска до 14 часот на возачите, сервисерите и одржувачите не им биде исплатена септемвриската плата.

Ова денеска го соопштија трите репрезативните синдикати кои испратија порака и до менаџментот на град Скопје и до Владата, пренесува Телма.

Синдикатите на ЈСП информираа дека на 7 октомври ја известиле градоналалничката на град Скопје дека доколку на 15 октомври не им биде исплатена плата ќе има прекин на работата.

На протестот добија поддршка и од претседателството на Сојузот на синдикати на Македонија.

Возачите, сервисерите и одржувачите на вработени на јсп кои денеска излегоа на предупредувачкиот процес соопштија дека ова не е единстевниот проблем кој го имаат, туку се соочуваат со низа проблеми, како непрофитабилно претпријатија, во делот на оддржувањето на автобусите.

Од ЈСП пак излегоа со реакција, во која велат дека вработените во наредниве денови ќе ја добијат заслужената плата.

-Веруваме дека централната власт и дел од општините ќе ги исплатат заостанатите обврски кои ги имаат за испорачаната услуга од страна на ЈСП за организиран превоз за одредени категории патници, средства со кои се исплаќа платата за вработените во ЈСП. Очекуваме дека час поскоро ќе ги подмират минатогодишните долгови и тековните обврски како не би се довела во прашање редовната работа на претпријатието. И покрај тешката ситуација, на која никој во државата не остана имун, работиме за јавниот превоз да продолжи да функционира без проблеми во интерес на сите негови корисници. Во меѓувреме, и покрај сите околности, економската криза и констатниот пораст на цената на горивата, висината на цената на билетите остана иста, а нема редукции на возниот ред. Во изминативе пет месеци, откако актуелниот в.д. директор ја презеде функцијата, и покрај сите околности и мултимилионските долгови во кое е затекнато претпријатието, се успеа за краток временски период да се решат повеќе затекнати проблеми. Целосно се оспособи и стави во возна состојба целиот возен парк, се презедоа конкретни мерки за надминување на проблемите со нефункционалноста на инвалидските рампи, на 50 возачи им се реши долгогодишниот статус, односно добија вработувања на неопределено време, стои во нивната реакција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.