Во периодот од 23 часот на 27 август до 6 часот на 28 август затворен за сообраќај во двете насоки на движење ќе биде булевар Илинден, на потегот од крстосница со булевар Св. Климент Охридски до улица Наум Наумовски Борче, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај на 27 и 28 август 2023 година поради снимање на музички спот од страна на Друштво за продукција и услуги „Мелем продукција“ ДООЕЛ, Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје.

Во периодот од 23 часот на 27 август до 6 часот на 28 август затворен за сообраќај во двете насоки на движење ќе биде булевар Илинден, на потегот од крстосница со булевар Св. Климент Охридски до улица Наум Наумовски Борче, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.