Од денеска градското претпријатие „Лајка“ започнува со заловување на нексатрирани и агресивни кучиња скитници на територијата на Општина Аеродром.

Акцијата ќе трае во текот на целата недела, а директорката Радмила Пешевска ги повика граѓаните на Општина Аердором да помогнат со лоцирањето и телефонски да ги пријавуваат глутниците во претпријатието.

Целта е да бидат репродуктивно неспособни и да провериме дали се здрави и вакцинирани. додека трае третманот, кучето се објавува за домување и овие кучиња во голем број случаи си наоѓаат вдомувач. Граѓаните од овие населби слободно да се јавуваат и да пријавуваат локации, порача Пешевска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.