Град Скопје и екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“  ги обновија оштетените  клупи  во првиот дел на  Градски парк околу езерцето. Дел од овие клупи пред неколку недели од непознати сторители беа оштетени, откорнати и фрлени во езерцето.

Упатуваме апел до сите корисници на паркот да не фрлаат отпадоци на зелените површини и да не ја оштетуваат поставената урбана опрема што е поставена, бидејќи со нивното уништување се нанесува голема материјална штета, велат оттаму.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.