Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје со цел доближување на услугите до своите корисници, имплементира активности кои се дел од планот за дигитализација.

Покрај големиот број дигитализирани услуги, како добивање на електронски фактури, електронска регистрација на корисник, пријавување на дефекти и достапност на различен тип на документи преку e.vodovod-skopje.com.mk, ЈП Водовод и канализација – Скопје, располага и со апарати за плаќање на фактурите на пет локации низ град Скопје: Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделението за грижа на корисниците на ЈП „Комунална хигиена“, ГТЦ на приземје, во ТЦ Капитол Мол и во Сити Мол (во делот кај банкоматите), информираат од претпријатието.

Корисниците на услугите на претпријатието на овој тип апарати, како што се посочува во соопштението, имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата со користење на картичките „мастер“ и „виза“ од сите банки без провизија.

Покрај оваа можност, корисниците можат да пристапат до електронските услуги на ЈП Водовод и канализација – Скопје и преку мобилната апликација достапна за Андроид и иОС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.