Од „О2 Иницијатива“ која се залага за чист воздух и здрав живот со реакција за екстремно загадениот воздух во повеќето градови низ земјава.

– Ветувања, ветувања, „ќе се намали загадувањето на воздухот во наредните 2 години до 50% во Скопје и од 30 до 50% во другите градови“, „до 2024 ниту една државна институција нема да се грее со стари и нееколошки системи за греење“, „аерозагадувањето станува стратешки приоритет (за 2 години подоцна да не е веќе)“…. Ништо од ова не се оствари! – порачаа тие денеска.

Оценуваат дека ова што се случува е срам и трагедија за цела држава, за централна и локална власт, од непреземање на големи чекори во справување со аерозагадувањето од кое прерано ни умираат илјадници луѓе секоја година.

– Не можеме 1/3 од годината да составиме со доволно добар воздух, а за добар ич муабет да не правиме, по неколку дена тука и таму – Центар имал 10 дена, Гостивар 12, Прилеп 2, Кочани 28. Лазарополе исто имал само 28 дена, но поради високото ниво на озон, не поради PM10 (PM2.5 уште не се мерат), велат еко-ентузијастите.

Нотираат дека ниту во 2024 година не се планираат сериозни мерки за намалување на аерозгадувањето.

– И тука не ја амнестираме локалната самоуправа, зошто тие се должни да ги спроведат плановите за намалување на аерозагадувањето, т.н. Планови за квалитет на воздух, со конкретни мерки, во одреден рок. Некој од нив направил анализа да видат дали имаат некакви резултати? Или само така про-форма се тера?, наведоа од „О2 Иницијативата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.