Советот на општина Гази Баба денес 10.05.2022 година ја оддржа својата редовна седница на која донесе повеќе одлуки помеѓу кои и ребаланс на буџетот на општина Гази Баба.

За денешната седница, информираше градоначалникот Бобан Стефковски на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Нема веќе тендер – градоначалник во општина Гази Баба беше мојата порака на денешната седница на Советот на општина Гази Баба на која беше усвоен ребалансот на буџетот.

Со овој ребаланс на буџетот се обезбедуваат:

– Нови 12.000.000 денари за рехабилитација и ревитализација на локални улици.

– 10.000.000 денари за изградба на фекална канализација во Трубарево и Чукур маало.

– 10.000.000 денари за изградба на трета фаза на фекалната канализација во Гоце Делчев

– 20.000.000 денари за изградба на втора фаза фекална канализација во Црешево

– 13.500.000 денари за изградба на фекална канализација во Смилковци

– 9.000.000 денари за изградба на училишната сала во Стајковци

– 10.000.000 денари за изградба на училишната сала во Булачани

– 13.000.000 денари за изградба на нова детска градинка во Керамидница

– 7.700.000 денари за изградба на нова детска градинка во Трубарево

– 4.000.000 денари за изградба и ревитализација на детски игралишта

– 5.000.000 денари за изградба на игралишта со тартан подлога

– 3.000.000 денари за изградба и реконструкција на игралишта со вештачка трева

– 1.000.000 денари за изградба на нова бушотина и нови пумпи за вода во Раштак

– 3.500.000 денари за поставување на фитнес справи на отворено и голем број на други проекти.

Нема да има населено место во кое нема да се реализираат проекти. За тоа граѓаните го имаат мојот збор!

Покрај ребалансот на денешната седница Советот донесе одлука со која оддржувањето на јавното осветлување се пренесува во надлежност на ЈКП Гази Баба и со оваа одлука заврши времето на тендер – градоначалник во општина Гази Баба кога за само неколку месеци се трошеа над 11.000.000 денари за улично осветлување.

Општина Гази Баба се менува и оди напред.

Ова е само почеток.

Следува период на промени и реализација на голем број на проекти, напиша Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.