Речиси четири часа приватните превозници преговараа со градоначалничката Данела Арсовска.
Останува на нас превозниците да се реформираме, да ги послушаме советите што ни се дадени, за да се вратиме на скопските улици. Сите насоки беа дека ќе се модернизира јавниот градски превоз, а ние ќе бидеме вклучени – рече претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски, кои денеска беа на средба со градоначалничката Данела Арсовска.
Официјално не е ништо договорено, треба да пренесат на колегите од двете здруженија. Оваа недела ќе има уште најмалку еден состанок, за да се направат следните чекори.
Не може да се каже точен датум кога приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, но до четврток ќе има уште еден состанок за да се договорат деталите. Тие се надеваат дека сите приватни превозници ќе се вратат на линиите кои ги опслужуваа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.