Нема повредени патници во автобусот број „57“ во кој избувнал пожар, причинета е само материјална штета, соопштија од ЈСП „Скопје“.

Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници.

Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот. Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета. Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило. Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот, велат од ЈСП „Скопје“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.