Денеска цело Скопје остана без јавен превоз и вистинска умешност е да се стигне на работа за тие што немаат автомобил. Доцнат и учениците за на училиште.
Бесот се искажува на социјалните мрежи а се најавуваат и протести.
Недостигот на нафта веќе неколку недели го попречува нормалното функционирање на ЈСП и предизвика сериозен проблем на транспортот на учениците и на вработените во главниот град.
Од ССМ ЈСП Скопје за МИА рекоа дека нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг.
Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП, вели дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна, бидејќи речиси 70 проценти од возилата се паркирани.
Град Скопје ја префрла топката кон ЈСП, нагласувајќи дека се работи за смислено сценарио од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел пропаѓање на претпријатието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.