Од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информираат дека по повод државниот празник „8 Септември“ – Ден на независноста, в сабота и во понеделник ќе се работи по неделен возен ред.
За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10 до 20 часот. Притоа, од 19 до 19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу. Во понеделник, 9 септември, жичницата нема да биде во функција, се наведува во соопштението на претпријатието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.