Ние живееме во котлина и факт е дека географската позиција е податлива за загадување на воздухот. Но кај нас има 30 до 50 дена годишно пречекување на средните мерни податоци за загадување на воздухот. Нам многу време ни требаше да почнеме да реагираме на она што го покажуваат мерните единици, вели екоактивистот за животна средина и советник во Град Скопје Горјан Јовановски во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

На сајтот на Министерството за животна средина нема податоци за 2021 и 2022 година затоа што не се поставени податоците. Во 2022 година над 50-60 денови нема дневни податоци, а во обете години, според наши податоци имало пречекорени загадување над 140 дена годишно, вели Јовановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.