Децата од „Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа Скопје“, присуствуваа на тренингот на првиот тим на РК Вардар.

На покана на Извршниот директор, Борко Ристовски децата одблиску и на самиот терен се запознаа со играчите и стручниот штаб на Вардар, го проследија тренингот и добија подароци од клубот и заедничка фотографии со играчите за спомен.

Салата во СЦ „Јане Сандански“ е една од ретките што има пристап за лица во колички, и на натпреварите на Вардар често сме домаќини на лица кои вака ги следат натпреварите кои секогаш се добредојдени гости.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.