Во четврток поради државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници , информираат од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.
Од 7 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров. Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу – стои во објавата на ЈСП „Скопје“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.