Приоритет ни е е здравјето и безбедноста на нашите граѓани , а пред сѐ најмладите – изјави вечерва градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најавувајќи засилени полициски контроли во оваа скопска општина.

Герасимовски најави дека во реонот во близина на местото каде што се случи нападот на педофил врз 3 – годишно дете ќе има засилени полициски патроли, а особено во вечерните часови. Апелираше до граѓаните да се јават во полицијата, доколку има било какви инциденти.

И портпаролот на МВР, Тони Ангеловски апелира до граѓаните да пријават каков било инцидент, сѐ со цел заштита на безбедноста на граѓаните.

Инаку, завчера вечер на игралиште во Дебар маало пијан педофил на 39-годишна возраст нападнал и соблекол 3 и пол годишно дете. Инцидентот го пријавила мајката на детето, кога други деца ја алармирале.

За настанот известен е Јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.