МВР соопшти дека од денеска се воведува посебен режим на сообраќај во Скопје, поради чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев во сабота, а улицата „Самоилова“ која минува долж тврдината Кале ќе биде затворена за сообраќај.
„Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе засилени активности и мерки за подигнување на безбедноста околу местото на одржување на настанот, при што ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот“, објави МВР.
Притоа, од денеска за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосницата со ул.„Прохор Пчински“, а на 04.02.2023 година (сабота) посебен режим на сообраќај ќе се спроведе на ул.„Лазар Личеновски“ и ул.„Самоилова“.
„Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот“, пренесува министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.