Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски по прес конференцијата беше прашан од медиумите за став за добитникот на тендерот за електронски сметки на „Водовод“ без искуство.

Кога СДС, ДУИ и Левица ќе се здружат исходот е криминал, нагласи Стоилковски.

Тој додаде дека кадарот на Арсовска и кримипартнерите очигледно го сметаат за успех тоа што фирма основана четири дена откако кадарот на Арсовска станува директор на „Водовод“, добива тендер.

Прашање е дали Арсовска и кримипартнерите ќе бришат раце ако неискуството предизвика проблем во електронскиот систем за наплата на сметките за вода, кој што треба да опслужува над 50 илјади корисници на услугите на скопски „Водовод“? Или тогаш Арсовска и кримипартнерите повторно ќе ги фати амнезија како со превозниците и со ЈСП, праша Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.