Општина Аеродром денеска почна со подготвителни активности за изградба на нов парк „Радост“, од околу 6 000 метри квадратни, едно од ветувањата на градоначалникот Тимчо Муцунски, соопштија оттаму.

Паркот „Радост“ е симбол на ветувањето коешто го дадовме уште на почетокот на нашата кампања а тоа е дека во општина Аеродром ќе има хумана урбанизација. Тоа што ме радува е дека овој парк е и доказ дека може да има севкупна општествена соработка кога се работи за вакви значајни проекти за граѓаните, се работи на заедничка инвестиција на општина Аеродром, четири општествено одговорни компании, неколку невладини организации коишто се вклучени во процесот на поддршка и делегацијата на ЕУ преку еден од своите фондови ни додели грант, за да можеме да го реализираме тоа што по мене ќе биде веројатно најубавиот и најсовремениот парк на територија на Град Скопје, изјави градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

Тој нагласи дека локалната самоуправа ќе продолжи да реализира вакви проекти коишто се насочени кон, како што рече, поубаво живеење на територија на општина Аеродром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.