Наскоро треба да финализира една важна инвестиција во Аеродром која се одвива повеќе од две години. Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна објави дека наскоро се очекува да заврши реализацијата на овој проект кој се реализира со сериозна поддршка и одговорност на општинските служби и потенцираше дека обврска на носителите на јавните функции е да ги исполнуваат проектите ветени пред граѓаните, но и да ги реализираат инвестиции кои се важни за граѓаните.
„Граѓаните на Аеродром и скопјани добиваат нов, модерен и реконструиран булевар „Васко Карангелевски“, проект кој се реализира со средства на градот Скопје, но со сериозна поддршка, високо ниво на одговорност и соработка на општинските служби во Аеродром. Во општина Аеродром нема чекање за одговор на барање, нема одолговлекување на предмети и постапки и нема и не смее да има опструкција на барањата кои се доставени од другите општини, вклучително и градската администрација на Градот Скопје. Ние сме различни во одговорноста и во исполнување не ветувањата кои ги даваме пред граѓаните, напиша градоначалникот Муцунски во својата објава.
Овој проект сериозно ќе го подобри сообраќајот во општината, но и ќе влијае на подигнување на безбедноста во Аеродром.
Се радувам за сите нови инвестиции во Аеродром и верувам дека крајното сообраќајно решение ќе биде добра причина граѓаните да заборават на проблемите кои произлегоа од рекордно долгата реализација на овој проект, заклучи Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.