Се чистат сите големи и мали депонии во Општина Аеродром!, објави на својот фејсбук профил Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

Заедно со службите на ЈП ,,Комунална хигиена” – Скопје, утрово ја стартувавме големата акција за чистење на деловите од Општина Аеродром на кои во изминатиот период забележавме поголема концентрација на отпад.

Акцијата стартуваше утрово од Долно Лисиче, Горно Лисиче, Населба Лисиче, Ново Лисиче и Реонски центар, а ќе трае во текот на целата недела и ќе ги опфати сите делови на општината. Предвидено е да се чистат сите помали депонии што се создаваат во и околу контејнерите, а претставуваат грда слика за општината.
Сакам да истакнам дека интензивно се работи на расчистување и на една од најголемите диви депонии во Општина Аеродром лоцирана кај мостот во Долно Лисиче што граничи со Јурумлери. За оваа голема акција се ангажираа голем број сезонски работници, а се користи тешка механизација.
Акцијата ќе продолжи и во наредните денови, при што ќе бидат целосно исчистени сите големи депонии на територијата на Аеродром.

Уште еднаш апелирам до граѓаните својот кабаст, крупен и друг вид отпад да го оставаат на точно определени локации и притоа да се избегнува фрлање отпад на тревниците и на други јавни површини кои се за други намени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.