Градоначалникот Тимчо Муцунски денеска ги посети сезонските работници кои овие денови интензивно работат на чистење на зелените и останатите јавни површини во Долно Лисиче и Паркот на езерата.
Тој заедно со својот тим им однесе освежување на луѓето кои работат на отворено и во директен и опуштен разговор со нив ги слушна предизвиците со кои тие се соочуваат на терен, нивните предлози и сугестии за подобрување на условите за работа и начинот на кои може да им излезе во пресрет, а сè со цел создавање уште подобри услови за почист и поуреден Аеродром.
Изминатиот период на сезонските работници им беа зголемени платите и општите услови за работа, бидејќи нивната посветеност на работата е од огромна важност за оджување на високо ниво на хигиена во Општина Аеродром, соопштија од Општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.