Општина Сарај не наплаќа даноци, пошто да плаќаш даноци у Северџанистан е ептен „каурски“.
Оттука, Општина Сарај нема пари за градинки. Оттука, сите деца од Општина Сарај идат у Општина Карпош. Оттука, децата од Општина Карпош немаат кај да идат, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев.

Оттука, додава тој, Советот на Општина Карпош носи одлука да си ги заштити децата од Карпош и, нормално, им дава приоритет при упис.

Тој се осврна на реакциите на оваа тема од народниот правобранител Насер Зибери, кој за потсетување беше кандидат за премиер на ДУИ, и на Хелсиншкиот комитет.

Оттука, овие од ДУИ се жалат кај „Омбудсманот“ (кој btw е нивниот неуспешен шпицен кандидат за премиер на прошлите избори).
Оттука, “Омбудсманов” као нешо вика не е у реду вака.
Оттука, се набацуе и сороспискиот хор од Хелсиншки, со иста “аргументација”.
Оттука, идете бре сите у три лепе п.м.!
Наравоучение: Карпошани – со вас сме и да не им попуштате ни сантим на силеџиите од ДУИ и Сорос!, порача Апасиев давајќи им поддршка на карпошани во нивната борба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.