Моето залагање е за што подобро урбанизирање на самиот простор. Но, не треба да занемариме треба да имаме во предвид дека таму имаме важечки ДУП, значи тоа е прекршување на закон доколку некој не постапува. Мојата борба е, како што напоменав и на почетокот и овие десет месеци да што подобро го урбанизираме просторот, рече градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во гостување во летното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ21 зборувајќи за просторот околу поранешната фабрика „Треска“, кој неодмна почна да се расчистува.
Јас сум сигурен дека од страна на градоначалничката, но и од страна на другите институции кои што зависиме од носење на ДУП-от за тоа, од Министерството за транспорт и врски дека ќе ни излезат во пресрет и ги повикувам што подобро да донесеме подобар ДУП, вели Герасимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.