Владата ќе го догради споменикот на Мајка Тереза на влезот на плоштад Македонија во Скопје, како и сè што е оставено од објектите во недовршена фаза, а е со уредна документација. Активистот Ивор Мицковски има идеа каква плоча да стои пред овој толку зборуван објект:
Ќе се доградувал споменикот на Мајка Тереза иако е дивоградба и откако цепаниците од поранешна власт не мрднаа со мал прст. Уствари доебаа се.
Предлагам да се стави и плоча на споменикот:
Тука се поклонуваат современиците на урбанистичкиот хаос и насилие, љубителите на криминалот и корупцијата, поддржувачите на непотизмот и партизацијата, пасивните уживатели и жители на еден упропастен квази-град без поента во своето постоење.
И после би ги потпишал со златни букви сите досегашни политички морони кои раководеа со овој квази-град и оваа квази-држава.
Од граѓаните…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.