Да скапаат во затвор монструмите! Малце е и тоа за вакви болни умови…, напиша на Фејсбук  активисткатa за заштита на животните и вработена во скопската Зоолошка градина, Тина Мицковска, откако беа објавени официјалните резултати од обдукциските наоди, со кои се покажа дека сортните коњи се отруени со брзоделувачки отров.

Ние што сме таму за животните и претрпевме се, нема да не спречат со вакви умоболни и монструозни чинови да продолжиме со борбата… Имам прекрасни колеги, кои животот го дале и оставиле таму… Ветувам дека ќе го/ја/ги фатиме кои се психопатите… Никогаш веќе да не се повтори… Што би рекол колегата Војо и пред Бога и пред судот ќе одговараат… Ете сега и јавноста виде со што се соочуваме…, вели таа.

Мицковска пишува дека за да се отрујат коњите на таков начин, не е возможно посетител или некој обичен вработен да го направи тоа (вработени кои би изгинале попрво за животните).

Ова е мое лично мислење, а имаме бивши вработени со медицински познавања и пристап до отрови, па не би ме чудело ова да е одмазда кон сите нас што ги сакаме животните, на сметка на тие што земале плата, а мразеле животни… Верувам истрагата ќе покаже се и ќе се докаже кој стои зад ова монструозно дело. Треба тие луѓе веќе никогаш да немаат пристап до животни, а богами и до луѓе… Опасни се!, коментира Мицковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.