Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Општина Аеродром, изјави дека градоначалникот Тимчо Муцуснки и општинската админситрација и покрај тешките услови за работа успеваат да ги реализираат проектите кои ги ветиле, како што е проектот во сосработка со општествено одговорните компании децата наместо на улиците и паркинзите да може да другаруваат и да уживаат во нови паркови и игралишта.
Откако е Тимчо градоначалник во општина Аеродром, неколку маркици се избришани, односно површини каде што беа предвидени станбени објекти се избришани, и на местото на тие се предвидени нови паркови. Тоа што значи во пракса? Тоа значи дека општината има намалени приходи бидејќи граѓаните во општина Аеродром им е преку глава од преголемата бетонизација и урбанизација, сакаат повеќе зеленило, сакаат повеќе паркови. Но, тоа значи и помали приходи за Општината, и тоа значи дополнителна енергија што треба да се вложи за да се реализира сето она кое што претходно беше ветувано за време на кампањата, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека Општина Аеродром одлучила да издаде општинска обврзница со што ќе се обезбедат дополнителни средства за реализација на ветените проекти, без бетонизација, туку со изградба на паркови и зелени површини каде што најмладите ќе можат да уживаат и да другаруваат.
– Но, за жал и покрај тоа што се поминати сите процедури и во Министерството за финансии, и во Комисијата за хартии од вредност, и Македонската берза, и општинскиот совет, гледаме дека од Владата има игнорантски однос има една одбивност, има еден завист. Зошто? Затоа што општините каде што имаме градоначалници, и администрација, и советници кои што се амбициозни, а се дел од ВМРО-ДПМНЕ и сакаат да одат напред и да реализираат проекти. Тоа е погрешна политика да ги казнувате граѓаните само за тоа што не сте компетентни, затоа што сте длабоко вовлечени во криминал и корупција, и да не дозволувате во општините каде што позицијата, каде што ВМРО-ДПМНЕ ја управува администрацијата и има свој градоначалник, прво не е човечки, а второ е антимакедонски. Затоа што на тој начин Македонија не дозволувате да се развива како држава, рече Мицоски.
Тој апелира до Владата да ја поддржи обврзницата за да може во Аеродром да се обезбедат детски градинки, реновирани и нови училишта…/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.