Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва е на литургија во црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.

Заедно со народот кој го чествува Бадник кој е празникот со кој се навестува Рожденството Христово – Божик. Мигови на заедничка грижа, емпатија и надеж. Во ова тешко секејдневие испопнето со несигурност, беспарица, сиромаштија, поделби, да покажеме енергија која ќе значи дека веруваме во идејата да се избориме за заедничка иднина, да покажеме заеднички патриотизам и промени кон подобро какви секој заслужува. Таквата борба за секој еден човек вреди. Заедно до целта. За многу години. Христос се роди, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.