Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на комплетно нова детска градинка во населено место Трубарево, во Општина Гази Баба.

Детската градинка има капацитет на згрижување на 60 деца, и е на површина од 720 метри квадратни во кои ќе се изградат 3 занимални за деца, административни простории и останати помошни простории. Вкупна инвестиција на истата во првата фаза ќе изнесува 19.000.000 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.