Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Тема на денот во Централниот дневник на ТВ Сител, изјави дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, нема капацитет да реализира капитален проект за изградба на булеварот „Хасан Приштина“.
Мицкоски потенцира дека иако веќе 2 години на сметката на Град Скопје лежат префрлени 10 милиони евра, не е потрошен ниту фенинг од тие средства.
Е, сега кога сме кај тоа. Да тоа е капитален проект. Треба да е комплетен, а второ треба да се потрошени оние 10 милиони евра што веќе се дадени за реализација на еден таков капитален проект како што е булеварот „Хасан Приштина“, кој не само што не е почнат две години туку и фенинг не е потрошен.
До мене стигаат многу информации дека се тргува со тие средства, па се бараат градежни фирми кои ќе го изведуваат, но има институции што се занимаваат со тоа.
Кога ќе видите дека 10 милиони евра му стојат 2 години на сметка на Градот, а не инвестирал ниту фенинг, тогаш логично е да го поставите прашањето зошто да не си ги вратиме назад во буџетот и да ги искористиме за нешто што им е потребно за граѓаните во некои општини кои се поподготвени, дециден е Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.