Во општина Аеродром дојдовме со амбициозна програма, која почна да ја реализира уште претходниот градоначалник. Проектите се делумно завршени, а дел се во тек. Се однесуваат на повеќе области – образование, детски градинки, паркови и зеленило, игралишта, вели новиот в.д. градоначалник Дејан Митески.

Тој уверува дека сите деца кои поднелe барање за упис, ќе бидат запишани во основните училишта во Општина Аеродром и оти е горд што во неговата општина има зголемен број деца.

Капацитетите на училиштата се исполнети максимално и работите да обезбедиме нови. Аеродром е една од ретките општини во која сите деца се згрижени во целодневна настава, односно во дневен престој. Капацитетите се доволни во овој момент, вели Митески во интервјуто за „Република“.

Првиот човек на општината најавува и реконструкција на училиштата.

Издвоивме околу пет милиони денари за санација на училиштата, што опфаќа молерисување, замена на врати, прозорци, плочки, подови.Со МОН работиме и проект за реконтрукција на тоалетите и од септември децата ќе имаат подобри услови.

Долгогодишен проблем во Општина Аеродром недостатокот на места во градинките и листите на чекање.

Досега успеавме да завршиме една нова детска градинка, а во август ќе започнеме со изградба на втора, со што ќе го удвоиме капацитетот и за следната година планираме да започнеме со изградба на уште една или две. Со тоа листата на чекање да биде минато.

Депонијата „Вардариште“ градоначалникот ја посочува како голем проблем иако не се наоѓа на територијата на Општина Аеродром.

Се чуствува миризба и чад од палење во депонијата, која е во целосна надлежност на градот. Со градоначалникот на Гази Баба направивме увид и побаравме соработка од МВР бидејќи градот не постапува. Добивме поддршка од МВР. Заедно со инспекцијата од општина Гази Баба ќе вршат интензивни контроли за да се спречи палење во депонијата. Иако не е наш проблем, се обидуваме да го решиме бидејќи најмногу влијае на нашите жители, вели Митески во интервјуто за „Република“.

Митески признава дека нечистотијата е голем проблем во Општина, но оти работат на тоа.

Најголемите депонии што се создаваат е просторот околу контејнерите. Контејнерите во Град Скопје се надлежност на Комунална хигена и општинаа нема соодветна механизација да го собира и да го носи во депонијата Дрисла. Поради таа причина почнуваме нов проект за собирање кабаст отпад со сопствена механизација. Ќе поставиме контејнери на повеќе локации. Почнуваме од понеделник и акцијата ќе трае во август и септември. На овој начин, се надеваме, ќе ги намалиме овие мини депонии.

 Градоначалникот не сака да верува дека Комунална хигена намерно не ги чисти контејнерите низ општина Аеродром.

Општината како да е заборавена од Комунална хигена и нивните работници скоро и не можеме да ги видиме низ општината. Контејнерите не се празнат согласно динамиката. Се чисти еднаш на две недели и поради тоа се создава онаа неубава слика. Апелирам тоа да го прават почесто.

Митевски признава дека има проблеми низ општината со фонтаните, чешмичките за пиење вода, искршени плочки, запуштени езерца, полни шахти.

Фонтаните за пиење вода ги ставаме во функција. Склучивме договор за реконтрукција на корпите за отпадоци. Посветуваме сериозно внимание на овој дел. Иако се мали работи, пречат во секојдневното функционирање и ние сме свесни за тоа.

Кучињата скитници, исто така, голем проблем.

Кучињата скитинци се надлежност на „Лајка“. Општината има проблем со нив, но немаме законска надлежност ниту пак начин и стручни служби кои може да ги третираат овие кучиња. „Лајка“, јавно претпријатие под надлежност на Градот, недоволно ја извршува работата и третманот на кучињата скитници. Постојано се појавуваат нови кучиња. Капацитетите на „Лајка“ се, претпоставувам, недоволни за нивни третман.

Од проектот што го издовојува е отварање на Управа за водење на матични книги.

Овој проект првпат ќе се спроведува во општината. Досега општина со 100.000 жители немаше управа каде што жителите ќе може да добиваат услуги од оваа област. Управата ќе биде отворена во август. На еден шалтер граѓаните ќе може да добиваат податоци од УЈП, Фондот за пензиско, од Агенцијата за вработување, Катастарот кои се вмрежени во една точка за услуги. Неодамна направивме увид на градежните работи на новата полициска станица во Ново Лисиче, изградба што ја финансира МВР, која треба да биде готова до средината на следната година. Предвидено е таму да има фотографирање и издавање на лични документи, вели Митески за „Република“.

Митевски разјаснува и кој е бенефитот од потпишаниот договор со Меѓународниот балкански универзитет.

На овој универзитет фукционира Катедра за архитектура. Заедно со ректорот на универзитетот договоривме соработка општината да добие донација проект за израдба на детска градинка. Една од оние што ги најавивме ќе биде проект изработен од нив. Општината ќе има голема придобивка.

Првиот човек на Аеродром најавува дека ќе учествуваат со проекти за општината наменети со заемот од Унгарија.

Интензивно работиме на изработка на проекти со кои ќе можеме да аплицираме. Во зависност од населеното место има различни проекти: за Долно Лисиче работиме на проект за изградба на училишна сала, проширувањ на мост во Горно Лисиче, атмосферска канализација, замена на плочници во урбана заедница Јане Сандански, реконструкција на улици во Мичурин и Стар Аеродром, како и две детски градинки – набројува градоначалникот во интервјуто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.