Градот Скопје истакнува дека министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска со одбивањето на поканата за отворена работна средба за презентација на сериозните недостатоци во проектот Универзaлна сала, единствено докажува дека таа ги потврдува наводите од сите записници и техничка документација дека СДСМ и Шилегов свесни за неправилностите во проектот за реконструкција на Универзалната сала минатата година, продолжиле со градежни активности иако знаеле и биле свесни за сериозноста на проблемите.

Бегањето на министерката од соочување со фактите и со повикот да потпише изјава за лична одговорност за безбедноста на скопјани и за исправноста на постоечкиот проект за реконструкција на Универзална сала, ги фрла во вода сите досегашни партиски исценирани напади и политички паради од страна на централната власт и СДСМ, кои со ширење дезинформации и манипулирање со јавноста преку соопштенија и прес конференции за политички поени сакаат да ја покријат својата неспособност.

 

Проектот за реконструкција на Универзална сала е со сериозни импликации по текот на активностите што се одвивале, но пред се, овој проект одобрен од СДСМ и Шилегов е далеку од безбеден. Ова го покажуваат сите записници и техничката документација, изготвени уште во време на владеењето на СДСМ со Град Скопје.

 

Уште еднаш апелираме до СДСМ да престанат со манипулирање на јавноста и секојдневните напади кон Град Скопје и градската администрација злоупотребувајќи ја ситуацијата во која ја довеле тие самите Универзална сала, за политички поени, а на штета на скопјани. На Скопје и скопјани им требаат реални, одржливи, но пред се, решенија кои ќе ја гарантираат нивната сигурност и безбедност – велат од Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.