Угина жирафата Каспер, информираат од Зоолошката градина Скопје.

Во тек е обдукција на жирафата од страна на Ветеринарниот институт и веднаш по добивањето на резултатите, од ЗОО Скопје ќе информираат за причините за смртта на ова сакано животно, миленик на вработените и на бројните посетители.

Каспер беше донесен во Зоолошката градина Скопје, од ЗОО Штутгарт, каде што се роди на 21 јули 2011 година. Жирафата имаше 12 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.