„Град без градба е мртов град“, изјави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во своето гостување во летното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Тој вели:
Таму имаме 18-катница, а во моментов имаме барање за 11-катница, со тоа што висините на катовите се поголеми и ќе дојде скоро колку онаа 18-катница, малце помали од зградите на Лимак.
На ова одговори аналитичарот Ивор Мицковски, кој вели дека го умреле градот…
„Град без градба е мртов град“, вели градоначалникот на општина Центар.
Скопје мора да е некој исклучок, јер на толку градба пак е мртов.
Абе заборавивте ли дека паркчиња браневте, ГТЦ го спасувавте, мораториум ќе стававте, тераси ќе рушевте.
Епа парковите ги дотепавте, ГТЦ скапува и служи за крадење струја, градот го умревте, а терасите само ги проширивте во тврда градба.
Какво промашување…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.